Објавено на:

Грушко: Русија нема да прави компромиси околу НАТО во Украина

t

Рускиот министер за надворешни работи Александар Грушко денеска изјави дека Русија нема да прави компромиси кога станува збор за распоредување на контингенти на НАТО, ударно оружје или членство на Украина во Северноатлантската алијанса.

-Членството на Украина во НАТО, како и распоредувањето на воени контингенти и ударно оружје на нејзина територија, е апсолутно неприфатливо за нас, изјави Грушко за Спутник, додавајќи дека ставот на Москва е добро познат и е искажан многу пати претходно.

Тој нагласи дека Русија е подготвена да воспостави правно обврзувачки безбедносни гаранции со земјите од НАТО, но само на реципрочна основа.

Грушко потсети дека Москва им предложила вакви договори на Вашингтон и НАТО на крајот на 2021 година и дека тие биле одбиени во тоа време.

Заменик-министерот го критикуваше НАТО за она што го нарече конфронтациска политика и „бесконечно проширување“ на Алијансата, оценувајќи дека во моментов нема знаци дека блокот има намера да го преиспита својот став кон Русија или да се вклучи во дијалог за регионалната безбедност врз основа на принципите на меѓусебна безбедност.

-Доколку НАТО е подготвен за таков чекор, тие знаат каде да нè најдат, додаде Грушко, потсетувајќи дека Москва никогаш не одбила дијалог, додека комуникациските канали со Алијансата се замрзнати од 2014 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

Соборен украински МиГ-29, загина пилотот

Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…