Денес нов „Марш за ангелите“ во Кочани
Денеска во Кочани со почеток од 14:05 часот ќе се одржи 34-тиот протестен “Марш за ангелите”.
Од организаторот, здружението „16 Март 2025“ ги повикуваат сите граѓани да се приклучат на маршот за правда за жртвите од трагедијата во “Пулс”.
„Дојдете со нас на 34-тиот Марш на ангелите. Ги повикуваме сите граѓани на Кочани и од цела Македонија да чекорат со нас за вистинска правда за нашите деца кои ги нема и за иднината на сите деца што доаѓаат. Да чекориме заедно во тишината што вреска по правда, во името на нашите деца кои ги нема, и за иднината на сите деца кои мора да бидат заштитени. Од Паркот на Револуција Молчењето не е опција – правдата мора да се избори заедно. Секој поглед бара правда“ – стои во писменото соопштение за медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес нов „Марш за ангелите“ во Кочани
Денеска во Кочани со почеток од 14:05…
„Oсомничени полицајци се на слобода, го губиме…
Нов протестен „Марш за ангелите“ се одржа…
„Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе…
„Здружението на граѓани 16.03.2025“ формирано од граѓани…
Службениците во Економија немале надлежност да го…
Со воведни зборови на одбраната во судницата…
Одбраната на Бектеши тврди дека не бил…
Со воведни зборови на одбраната во судницата…