Зеленски во посета на Купјанск: Ситуацијата е комплицирана, нема да се предадеме
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека ситуацијата на фронтот е тешка и комплицирана и дека бројот на руски сили се зголемува.
„Русите се сè побројни, станува сè потешко. Пристигнав во Купјанск, ситуацијата беше навистина тешка. Линијата на фронтот беше многу блиску. Сепак, нашите вооружени сили го контролираат Купјанск“, рече Зеленски, коментирајќи ја неодамнешната посета на Купјанск, кој е стратешка цел за руската војска. Зеленски, исто така, призна дека руските трупи „вршат притисок“.
„Тие сигурно можат да уништат едно село, друго. Можат да влезат. Ќе направиме сè за да ги спасиме животите на нашите војници, бидејќи пред сè мора да имаме вооружена сила. Ова не значи дека сме подготвени да се предадеме“, рече Зеленски.
Според него, Украина има проблеми со достапноста на одредени видови ракети, особено воздушна одбрана, „од различни причини, вклучително и доцнења во испораката“. Зеленски го посети правецот Купјански на 12 септември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски во посета на Купјанск: Ситуацијата е…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека ситуацијата…
Русија тврди дека го освоила Купјанск
Руската војска вечерва објави дека го освоила…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…
Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…
Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…