Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Денот на наставата на турски јазик

t

„Образованието на мајчин јазик е важно човеково право, суштинско за зачувување и за градење на националниот и културниот идентитет, но и за персоналниот развој и успех“, вели претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик.

„На македонската држава, јазичниот императив ѝ беше јасен уште пред 81 година, кога ја воспостави наставата на турски јазик во тукушто ослободеното Скопје.

Од тогаш до денес, континуирано и ревносно се негува турскиот збор, збогатувајќи го македонскиот мултикултурен идентитет.

По повод важниот ден за сите нас, а особено за Турците, им изразувам голема благодарност на сите наставници и образовни работници коишто со својот труд, љубов, професионализам и посветеност, го шират знаењето на турски јазик и активно учествуваат во воспитувањето на мудри, благородни и хумани млади луѓе.

Посакувам да продолжиме да бидеме пример за заедништво во различноста и да се гордееме со нашата заедничка татковина!

Честит нека ни е 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик“, стои во честитката на Сиљановска-Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото+Видео) Ќе се возат ли турски автомобили…

Извршниот директор на Иницијативната група за автомобили…

Ахмети за спорот со јазикот: Прифатливо е…

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на предновогодишна…