ТИНЕЈЏЕР ПИЕЛ СВОЈА КРВ ЗА ДА СЕ ИЗЛЕЧИ ОД АНЕМИЈА – Еве каде го прочитал „Лекот“!
Случај што шокира: 17-годишно момче од Русија се обидело да ја подобри својата анемија со пиење на сопствена крв, откако на Тик-ток прочитало дека тоа може да го зголеми нивото на железо. Набргу по тоа, момчето развило симптоми како повраќање, треска и болки во желудникот, по што било хоспитализирано со дијагноза на акутно труење и пренесено на интензивна нега.
Лекарите успеале да го стабилизираат, а откако им објаснил што направил, момчето било упатено и на психијатриско советување. Медицинските експерти предупредуваат дека пиењето крв е опасно и нема никакво дејство врз подобрување на крвната слика. Желудникот не може да ја апсорбира крвта, а високото количество железо предизвикува иритација и повраќање.
– Ако имате симптоми на анемија, како слабост, замор и бледа кожа, веднаш консултирајте лекар. Анемијата се лекува само со терапија пропишана од професионалец и со внес на храна богата со железо – предупредуваат медицинските стручњаци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТИНЕЈЏЕР ПИЕЛ СВОЈА КРВ ЗА ДА СЕ…
Случај што шокира: 17-годишно момче од Русија…
Песков: Остварен контакт со САД по добиените…
Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј…
Тошковски: „Безбеден град“ директно придонесе да се…
Сакам уште еднаш да ја искористам оваа…
Хоџа: Борбата против аерозагадувањето е мој приоритет,…
Во просториите на Министерството за животна средина…
Почина пожарникар во Пожарната во Илинден
Починат маж вработен во Пожарната во општина…