Трамп: САД нема да брзаат со признавањето на Сомалиленд, прашањето треба детално да се проучи
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека САД нема брзо да го следат Израел во признавањето на независноста на Сомалиленд, наведувајќи дека прашањето сè уште треба да се „проучи детално“.
„Сè е во фаза на разгледување. Ќе го проучиме. Јас проучувам многу работи и секогаш донесувам одлични одлуки, а тие се покажуваат како правилни“, нагласи Трамп за Њујорк пост.
Трамп, исто така, рече дека не е убеден од потегот со кој Израел стана првата земја што ја призна независноста на Сомалиленд и дека претстојните разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху првенствено ќе се фокусираат на ситуацијата во Појасот Газа.
„Дали некој воопшто знае што е Сомалиленд“, рече Трамп.
Конечно, кога беше замолен да ги коментира понудите на Сомалиленд до САД за пристаниште во стратешки важниот Аденски Залив, Трамп одговори со смеа, „силна работа“.
Израел претходно ја призна Сомалиленд, отцепен регион на Сомалија, како „независна и суверена држава“, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, со што Израел стана првата земја што го стори тоа.
Според Ynetnews, Нетанјаху објавил дека Израел официјално ја признал Република Сомалиленд, а неговиот кабинет објавил дека Нетанјаху и претседателот на Сомалиленд потпишале заедничка декларација.
Министрите за надворешни работи на Сомалија, Египет, Турција и Џибути го осудија признавањето на Сомалиленд, отцепен регион на Сомалија од страна на Израел, соопштија египетски претставници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…