Брутално претепан познатиот албански водител Елтон Тозај, постои опасност да го загуби видот
Познатиот албански водител Елтон Тозај бил нападнат и брутално претепан синоќа околу 19:30 часот на автопатот Тирана-Драч, под околности кои сè уште остануваат вознемирувачки и нејасни, објавија медиумите.
Според информациите објавени од неговото семејство, на неговиот профил на социјалните мрежи, новинарот бил брутално нападнат од неколку лица. Во насилството врз Тозај му биле нанесени сериозни физички повреди.
„Семејството објави дека Елтон Тозај моментално е во сериозна здравствена состојба и е на интензивна медицинска нега. Според нив, ситуацијата е деликатна, бидејќи новинарот се бори да не го изгуби видот, што го прави овој настан уште поалармантен“, наведуваат медиумите.
Од полицијата засега нема информација околу настанот
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен штипјанец: Физички и психички ја малтретирал…
На 13.08.2026 во 23:50 часот во Штип,…
ВЛЕН: 25 години по Рамковниот договор од…
Соопштение на ВЛЕН Во рамки на одбележувањето…
Ангелов: Двајца пожарникари биле нападнати вчера во…
Во текот на вчерашниот ден двајца пожарникари…
Локид Мартин повторно го одложи снабдувањето на…
Претставници на „Локид Мартин“ го известија Министерството…
Во Франција е поништен законот со кој…
Францускиот уставен совет, телото кое проверува дали…