Удрил во три паркирани возила, контејнери, возила во движење и семафор, косовски државјанин предизвика хаос во Центар
На 26.12.2025 во 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Григор Прличев” во Скопје, патничко возило „сеат” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(52) од Косово, со привремен престој во с.Арачиново, скопско, удрило во три паркирани возила – „цитроен”, „шевролет” и „пежо”, сите со скопски регистарскиознаки, во три контејнери и во патничко возило „сузуки” со скопски регистарски ознаки во движење, управувано од А.Ј.(24) од Скопје, по што продолжил со движење и на крстосница од бул.„Крсте Петков Мисирков” со бул.„Гоце Делчев” удрил во семафор и во уште едно патничко возило во движење „ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(29) од с.Долно Лисиче, скопско.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се зздобил возачот С.Р., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје.
За настанот е известен јавен обвинител, а увид изврши увидна екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: ЕК ослободила 142,1 милиони евра преку…
Европската комисија до јуни ослободила 142,1 милиони…
Насилник од Дебар узурпирал државен објект, со…
52-годишен жител на Дебар доби кривична пријава…
Левица не ја поддржа изградбата на две…
Советниците од политичката партија Левица на денешната…
Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија…
Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…