Отстранет „Чациленд“ во Белград – во среда ќе биде поставено „божиќно село“

t

Отстранети се шаторите пред Народното собрание на Србија, таканаречениот „Чациленд“, каде со месеци кампуваа приврзаници на претседателот Александар Вучиќ, а таму се случија и низа насилни и криминални инциденти. Во пресрет на празниците, на тоа место ќе биде поставено „божиќно село“, пренесуваат српските медиуми.

Српскиот претседател Вучиќ синоќа беше пред Народното собрание и рече дека во следниот месец шаторите ќе бидат отстранети и од Пионирскиот парк. Тој најави дека во следните неколку дена ќе биде поставено „божиќно село“ пред Народното собрание.

Тој исто така рече дека се очекува сообраќајот пред Народното собрание да се нормализира.

Повеќе од половина година просторот пред Парламентот во Белград е окупиран од шатори. Кампот е познат кај јавноста под името „Чациленд“. Тој прво беше во Пионерскиот парк и претставен е како израз на контрастудентите кои „само сакаат да учат“. Но, од самиот старт оние кои се собираа во него не беа само студенти.

Со текот на времето кампот се прошири и на платото пред Собранието како контрапротест на српските просветни работници и студенти кои една година протестираат поради трагичната смрт на 16 луѓе при падот на натстрешницата во Нови Сад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новинарка на N1 спречена да влезе во…

Новинарка на телевизијата N1 ги посети просториите…

Излезеноста во Србија до 11 часот е…

Според процената на ИПСОС и ЦеСИД, врз…

ПОВЕЌЕ ОД 70 ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО СРБИЈА:…

Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД)…

(Видео) Маскирани лица влегоа во кол-центар на…

Српските медиуми објавија дека во кол-центар на…

(Фото) Вучиќ чека во ред за да…

Во Србија во 7 часот почнаа вонредните…