МВР со детали: Еве колку лица имало во автомобилот кој заврши во Треска
Полицијата денеска во 12:45 часот добила пријава дека на кањон Матка кај угостителски објект има превртено возило и истото се наоѓа во реката Треска.
Веднаш по пријавата полициски службеници излезени се на лице место при што констатирано е превртено патничко возило „шкода фабија“ со скопски регистарски ознаки сопственост на „рент а кар“ кое било на брегот и делумно навлезено во реката Треска.
-Возилото било управувано од О.И., а сопатници биле Ч.Б. и Е.Х. сите турски државјани. Од страна на полициски службеници лицата се извадени од возилото и истите се изјасниле дека не им е потребна итна медицинска помош. Извршен е увид на местото на настанот, а возилото е безбедно извадено, велат од МВР.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дипломат на ЕУ: Помошта на Украина е…
Новото барање на Украина за финансиски средства…
Студени утра, сончеви денови: Временска прогноза за…
Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, по…
Драматична ескалација во Ормускиот Теснец: погоден супертанкер…
Нов сериозен безбедносен инцидент е пријавен во…
Путин предупреди: „Ескалацијата води кон катастрофа“
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Западот…
Македонија нема да испраќа војници во Украина,…
Македонија нема да испраќа свои војници во…