Објавено на:

Објавени архиви: Блер вршел притисок да не им се суди на британските војници за воени злосторства во Ирак

t

Поранешниот британски премиер Тони Блер вршел притисок врз официјални лица за да се спречи судско гонење на британските војници, обвинети за претепувањето до смрт на Ирачанецот Баха Муса, пренесе Би-Би-Си, повикувајќи се на новообјавените документи од Националниот архив на Велика Британија.

Според документите, Блер настојувал војниците да не бидат изведени ниту пред британските судови, ниту пред Меѓународниот кривичен суд (МКС/ICC). Неговиот секретар за надворешни работи во 2005 година, Ентони Филипсон, го информирал премиерот за средбата на генералниот обвинител со воените обвинители во врска со случајот „Муса“, на што Блер писмено одговорил со порака: „Не смее!“.

Блер инсистирал дека Владата мора да заземе позиција во која „ниту МКС, ниту граѓанските судови нема да бидат вклучени“.

Две години подоцна, капларот Доналд Пејн, кој призна дека нехумано постапувал со ирачките цивили, стана првиот британски војник осуден за воено злосторство. Тој беше осуден на една година затвор и отпуштен од војската. Според обвинението, Пејн „диригирал со хор“ од крици на затворениците додека ги тепал и шутирал со врзани раце и вреќи на главите.

МКС во 2020 година формално ја прекина долготрајната истрага за наводите за воени злосторства извршени од британските трупи во Ирак во периодот меѓу 2003 и 2008 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Објавени архиви: Блер вршел притисок да не…

Поранешниот британски премиер Тони Блер вршел притисок…

Mинималната плата под прагот на сиромаштија –…

– Податоците на Државниот завод за статистика…

(Видео) По обидот за атентат врз Путин…

Радио станицата Doomsday неочекувано почна да ја…

Ревизорски извештај за Буџетот за 2024: Дефицит…

Државниот завод за ревизија го објави конечниот…

Мицкоски: Започнува инвестиција од 21 милион евра…

– Денес зборуваме за нешто што со…