Објавено на:

Франција ги укинува доживотните бенефиции за поранешните функционери

t

Франција ја започна новата година со укинување на политичките привилегии, кои долго време беа критикувани како несоодветни, а од 1 јануари завршија автоматските „доживотни“ државни бенефиции за поранешните премиери и министри за внатрешни работи, кои вклучуваа службени автомобили, возачи и постојана полициска заштита, објави Euronews.

Овој потег доаѓа откако францускиот премиер Себастијан Лекорн објави кон средината на септември минатата година дека ваквите автоматски бенефиции ќе бидат заменети со договори на одредено време, а поранешните функционери втор ден се без 24 возачи и 24 полицајци за лична заштита.

Според новите правила, поранешните француски премиери ќе задржат државно финансиран службен автомобил и возач десет години, додека полициската заштита ќе биде ограничена на три години.

Поранешните министри за внатрешни работи ќе добиваат заштита две години, по што безбедноста ќе се одржува само доколку се идентификува конкретна закана.

Поранешните премиери беа информирани за промените со писмо од кабинетот на премиерот.

Министерството за внатрешни работи нагласи дека реформата не е насочена кон целосно укинување на заштитата за поранешните функционери, туку кон нејзино намалување за да одговара на реалниот ризик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…

Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…

Во Франција е поништен законот со кој…

Францускиот уставен совет, телото кое проверува дали…

Дипломатски скандал ја тресе Франција – млади…

Франција покрена дисциплинска постапка против својот амбасадор…

Софи Адено ќе стане првата Французинка што…

Минатиот февруари, Софи Адено влезе во историјата…

Медузи ги запреа трите реактори на една…

Голем рој медузи предизвика привремено запирање на…