(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид-Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски преку објава на својот Фејсбук профил информираше дека 40 километри од автопатот Охрид–Кичево се веќе ставени во функција.
Николоски објави ноќно видео од делницата и посочи дека автопатот ќе го користат бројни граѓани во периодот околу божиќните празници, на пат кон Охрид.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево.
40 километри се веќе во функција“, напиша Николоски во објавата.
Тој изрази надеж дека голем број граѓани ќе возат по оваа делница во деновите на празниците.
„Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ“, наведе вицепремиерот.
Во објавата, Николоски им упати честитки и на работниците кои учествувале во изградбата на автопатот.
„Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба. За многу години Божиќ и Бадник“, порача тој.
Автопатот Охрид–Кичево е еден од најзначајните инфраструктурни проекти во земјава и со години е во фокусот на јавноста поради пролонгираната изградба и бројните предизвици во неговата реализација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид-Кичево…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Бадникникови празнувања: Посна трпеза, „мрсни“ цени
Коледарските песни уште од рано утрионава одекнуваа…
Каква иронија- Москва: Венецуела треба сама да…
Руското МНР денес соопшти дека го поздравува…
Три милиони во државната каса, граѓаните револтирани…
Државната каса е побогата за околу три…
Нилсен: Гренланд не е на продажба, сојузниците…
Гренланд не е територија која може да…