Синоќа поплави во Битола и битолско

t

Обилните врнежи од дожд кои наврнаа синоќа предизвикаа поплавување на улици низ Битола, екипи на ЈП „Нискоградба“ и други јавни претпријатија започнаа со интервенции за санирање на состојбата.

Најкритична беше состојбата кај стариот објект „Прогрес“, каде што се излеа каналот од реката Курделес. Поради тоа, сообраќајот е отежнат на улицата „Македонска фаланга“ (поранешна „Иво Лола Рибар“) на потегот кон Железничката станица, соопшти Општина Битола.

Советничката група на „Поинаку“, сподели видео од поплавената улица во Битола.

ЛИНК ДО ВИДЕОТО

Под вод синоќа беа и битолските села Кравари и Жабени.

Интервенции до доцна во ноќта се вршеа и на улицата „Солунска“ во населбата „Боримечка“, на Лавчански пат, како и во населбата „Стрчин“.

Во акциите се вклучени екипи од „Битолско поле“, „Водовод“ и „Стрежево“, а најавени се интервенции и во селата Кравари, Канино, Лера, Горно Српци, како и долж реката Црна, во потесното и поширокото градско подрачје на општината

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: ЕК ослободила 142,1 милиони евра преку…

Европската комисија до јуни ослободила 142,1 милиони…

Насилник од Дебар узурпирал државен објект, со…

52-годишен жител на Дебар доби кривична пријава…

Левица не ја поддржа изградбата на две…

Советниците од политичката партија Левица на денешната…

Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија…

Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите…

Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…

Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…