Стотина семејства од Кичево се евакуирани поради поплавување на нивните домови

t

И понатаму критична е состојбата со поплавите на некои места во Кичево. Целосно поплавен е и градскиот стадион, а од Раководството на Фудбалскиот клуб Влазерими информираат дека и клупската инфраструктура и објектите претрпеле значителни и сериозни материјални штети.

Целосно Уништен е теренот,соблекувалните,спортската опрема и дресовите како и целиот инвентар.

Во меѓувреме сите релевантни субјекти и општествено одговорни фирми се активни и на терен. Доставувањето на храна се одвива непречено и исклучиво преку Општина Кичево, во координација со Црвениот Крст. Жителите кои се засегнати од поплавите и понатаму се сместени во спортската сала, која располага со соодветно греење. Во соработка со Црвениот крст е обезбеден дел од потребната помош, а храна се обезбедува преку општинската народна кујна и преку Црковната кујна со средства на Општината и во соработка со Црвениот крст.

Во Охрид состојбата е малку потсмирена но сеуште алармантна.на располагање ставени се сите човечки и материјални ресурси.

Екипи со тешка механизација ја пренасочуваат водата кон езерото, а со пумпи се врши испумпување од подруми, дворови и деловни простории. Преку бројот 112 се примени поголем број пријави од населбата Далјан.

Неколку хотели во Охрид нудат бесплатно сместување за погодени граѓани од поплавите се отворена е и сметка за донација во Црвен крст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Охридското Езеро порибено со два милиони пастрмка…

Два милиони пастрмка коран беа пуштени овој…

Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска…

Потврдени се вкупно 44 случаи на западнонилска…

Вечерва ќе се прска против комарци на…

Град Скопје, во соработка со Општина Кисела…

Теле било спасено на Китка, ама директорот…

Навистина е спасено теле во пожарот на…

Пожар кај Пробиштип се шири во близина…

Сериозен пожар попладнево избувна во селото Гујновце,…