МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија
Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во 15.55 часот, во СВР Скопје, од страна на Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при МВР, било пријавено оштетување на стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија.
-Офицерот за безбедност на Амбасадата, преку системот за видео надзор, забележал оштетување на стаклото од влезната врата на објектот. Според досега утврденото, оштетувањето го извршило засега непознато лице, кое со удар со рака го оштетило стаклото од влезната врата, велат од МВР.
На местото на настанот биле преземени соодветни полициски мерки, а надлежните служби работат на расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија…
Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…
Ѓорѓиевски: Нуркачот Бартломиеј Питала – почесен граѓанин…
Полскиот нуркач Бартломиеј Питала кој достигна рекордна…
Јавното обвинителство ја следи ситуацијата со Алта…
Дали Обвинителството нешто истражува и дали ќе…
Нетанјаху ја губи поддршката за формирање влада,…
Позицијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во…