Објавен идентитетот на момчето кое ја усмрти жената во Капиштец и избега преку Табановце, распишана потерницa
На официјалната интернет-страница на Министерството за внатрешни работи е објавена централна и меѓународна потерница за лицето осомничено за сообраќајната несреќа со смртен исход што неодамна се случи во скопската населба Капиштец.
Станува збор за Саитов Саит, роден на 6 април 2007 година во Скопје, од татко Берти и мајка Ганимете, со последна пријавена адреса на улицата „Дом Ндуе Битичи“ во Скопје. По него се трага по барање на Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, казниво по член 300 од Кривичниот законик.
Потерницата е распишана откако осомничениот, по сообраќајната несреќа во која беше смртно прегазена жена, го напуштил местото на настанот и станал недостапен за органите на прогонот. Надлежните институции апелираат до граѓаните, доколку имаат сознанија за неговото движење или престој, веднаш да ја известат полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
То Вима: Грција бара измени во македонските…
Грција бара Македонија да направи измени во…
Вашингтон тврди дека Рубио ја протерал иранската…
Американскиот државен секретар Марко Рубио ѝ наложи…
Родителите од Кочани: Кој ќе го оправда…
Од 1 октомври одбраната започнува со своите…
АНБ: Разбиена мрежа на псевдо-портали преку кои…
Агенцијата за национална безбедност во координација со…
Поднесено обвинение против интернисти од битолската болница…
Основното јавно обвинителство Битола, врз основа на…