Вучиќ: Делегацијата на ЕП доаѓа во Белград непоканета, не сакам да се сретнам со нив
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека не сака да се сретне со претставници на делегацијата на Европскиот парламент (ЕП) бидејќи тие „доаѓаат непоканети“ во Белград, пренсува Бета.
Тој одговори на новинарско прашање за време на посетата на Абу Даби дека нема да биде во Србија кога ќе дојдат европратениците бидејќи претходно договорил обврски, но дека сигурно нема да се сретне со нив.
„Се собрале сите кои не ја сакаат Србија и се согласија дека ќе дојдат во Белград и не нè прашаа, ниту нè информираа.
Ние не ги поканивме. Тие доаѓаат непоканети. Имам закажано други обврски во Давос. Не ги избегнувам, но дури и да бев во Белград, не би се сретнал со нив“, рече Вучиќ.
Тој рече дека сака да се сретне само со луѓе кои ѝ посакуваат добро на Србија и дека тоа ќе го стори во Давос.
Претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, вчера изјави дека делегацијата на Европскиот парламент доаѓа без покана и дека нема да се сретне со нив бидејќи во тој период ќе биде во Естонија.
Мисијата на Европскиот парламент ќе биде во Белград од 22 до 24 јануари, а Вучиќ потоа ќе биде на Светскиот економски форум во Давос.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека очекува Унгарците и Русите да го достават обврзувачкиот дел од договорот во врска со Нафтената индустрија на Србија (НИС) во следните два или три дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен Турчинот осомничен дека ја убил и…
Турски државјанин на возраст од 25 години…
Војдан Стојановски: Нашата цел е пласман во…
Капитенот на машката сениорска кошаркарска репрезентација на…
Европскиот парламент денес го гласа за извештајот…
Европскиот парламент денеска на пленарна седница во…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Крвав инцидент во центарот на Белград: 26-годишник…
Утрово во центарот на Белград е убиен…