Француската влада преживеа два обиди за гласање недоверба
Владата на Франција денес преживеа два гласања за недоверба, кои ги иницираа крајно левите и крајно десните партии, обвинувајќи ја дека не направила доволно за да го спречи трговскиот договор помеѓу Европската унија и Меркоурсо.
Предлогот што го поднесе десничарската партија Национално обединување го поддржаа 142 пратеници во Долниот дом на парламентот, а за негово усвојување беа потребни 288 гласови.
Претходно се гласаше за предлог за недоверба што го побара левичарската партија Непокорена Франција, но ни тој не помина, бидејќи го поддржаа 256 пратеници.
И покрај противењето на Франција, земјите-членки на ЕУ минатата недела го одобрија потпишувањето на договорот со Аргентина, Бразил, Парагвај и Уругвај.
Француските земјоделци со месеци протестираат против договорот, за кој велат дека ги загрозува преку создавање на нелојална конкуренција поради евтиниот увоз на земјоделски производи од Јужна Америка.
„Внатре во земјата сте влада на вазали која служи на богатите, а надвор од земјата ја понижувате нашата нација пред Европската комисија и американската империја“, изјави пратеничката на Непокорена Франција, Матилда Пано.
Владата ја спасија пратениците од Социјалистичката партија и Републиканците, кои одбија да гласаат за недоверба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон нареди изработка на план за заштита…
Францускиот претседател Емануел Макрон во петокот изјави…
Захарова: Француската иницијатива за нуклеарно одвраќање претставува…
Иницијативата за „проширено нуклеарно одвраќање“, што Франција…
Владата најави можност за докуп на до…
Граѓаните на кои им недостигаат до 24…
Владата прави методологија струјата да не поскапи,…
Владата прави методологија за да се задржи…
Марин Ле Пен во комотно водство пред…
Кандидатката на крајнодесничарското Национално собирање (RN), Марин…