Објавено на:

Зеленски прогласи вонредна состојба во енергетскиот сектор со посебен фокус на Киев

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски прогласи вонредна состојба во енергетскиот сектор, со посебен фокус на Киев, кој се соочува со последиците од руските напади што ги оставија жителите без струја, греење и вода при температури под нулата. Откако руските напади пред пет дена ја оштетија енергетската инфраструктура во главниот град, големи делови од Киев се соочуваат со снабдувањето со електрична енергија, преесува „Киев Индпендент“

Зеленски најави дека во Киев ќе биде формирана работна група која 24 часа дневно ќе го координира одговорот на кризата, додавајќи дека напорите за поддршка на граѓаните и заедниците во рамки на вонредните мерки ги предводи новоименуваниот министер за енергетика Денис Шмигал.

„Последиците од руските напади и влошувањето на временските услови се тешки“, напиша Зеленски на својот канал на Телеграм.

Портпарол на најголемата украинска приватна енергетска компанија ДТЕК изјави дека сериозноста на ситуацијата во Киев и низ цела Украина бара координација без преседан меѓу властите и снабдувачите со енергија.

Владата ќе ги засили напорите со странските партнери за да обезбеди критична енергетска опрема, да го зголеми увозот на електрична енергија и да обезбеди дополнителна поддршка. Истовремено, ќе се поедностават правилата за приклучување резервна енергетска опрема на мрежата за време на вонредната состојба.

Се очекува Министерството за образование и локалните власти да достават предлози до владата за форматот на похаѓање на наставата за децата за време на вонредната состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 13 лица се загинати во напад…

Во објава на Икс се споделува видео…

Нов жесток напад врз Киев, најмалку тројца…

Три лица, меѓу кои и едно дете,…

Нема оружје за Украина? Трамп: И нам…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…

Иран размислувал да изврши ракетен напад врз…

Иран размислувал за можноста да изврши ракетен…

Потврдени 236.066 загинати руски војници во Украина,…

Рускиот независен медиум Mediazona и рускиот сервис…