Курдите во Сирија првпат добија државјанство и право на свој јазик
Претседателот на Сирија, Ахмед ел-Шара, издаде декрет кој им доделува права на сириските Курди – формално го признава нивниот јазик и им го враќа државјанството, соопшти државната новинска агенција SANA.
Првпат курдскиот индентитет е признат како дел од сириското општество а курдскиот јазик е прогласен за национален јазик заедно со арапскиот.
Признавањето на Курдите уследи по минатонеделните жестоки судири помеѓу владините сили и курдските Сириските демократски сили (СДФ) во Алепо, при што загинаа најмалку 23 лица, а повеќе од 150.000 луѓе го напуштија градот.
Сириската Влада и СДФ, кои го контролираат североисточниот дел на земјата, минатата година повеќе месеци преговараа за интеграција на курдските воени и цивилни тела во сириските државни институции до крајот на 2025 година, но постигна мал напредок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Курдите во Сирија првпат добија државјанство и…
Претседателот на Сирија, Ахмед ел-Шара, издаде декрет…
Американската војска изведе серија воздушни напади во…
Американската војска синоќа спроведе повеќекратни напади во…
Британски и француски авиони извршија заеднички напад…
Авиони од типот „Тајфун“ на британските Кралски…
Експлозија во џамија во Сирија, осум лица…
Осум лица загинаа, а 21 се повредени…
САД ја нападнаа Исламска држава во Сирија
Соединетите Американски Држави соопштија дека нивната војска…