ССМ повикува на масовен протест за повисоки плати, дел од институциите уверуваат има покачувања
Минималната плата на 600 евра, а сите други плус 6000 денари. Сојузот на синдикати нема да отстапи од овие барања, за кои идната недела излегува на протест.
Еден ден откако ја соопшти одлуката, првиот човек на ССМ Слободан Трендафилов вели дека засега нема притисоци од власта. Очекува на протестот да се придружат работници и од државен и приватен сектор, чии плати, како што вели, владата и работодавачите година и пол одбиваат да ги зголемат и ги оставаат да тонат во сиромаштија, со што новата синдикална кошничка за јануари, дополнително е повисока за 1000 денари.
Од Владата и денеска го повторија ставот – ќе го почитуваме секој договор направен меѓу синдикатите и работодавачите.
Тонско: Стефан Андоновски – министер за дигитална трансформација
И додека ССМ најавува масовен протест, од институциите уверуваат дека во некои сектори веќе има покачувања. Директорот на Фондот за здравство, Сашко Клековски, вели дека платите во државното здравство пораснале за 17, а капитацијата на матичните 33 отсто.
Но, ова нема да го предомисли ССМ. Трендафилов жали што некои синдикати се задоволни само со усогласувањето на платите во март, но нема намера никого да моли на протест.
Протестот е закажан за идната среда. Од ССМ велат – еден поединец не може да промени многу, но заедно можат сè.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…
Бомбени закани над Европа: Три авиони на…
Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…
Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…
Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…
Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…
Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…