Филипче: Удривме во осино гнездо
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција јасно кажа дека жестоките и координирани напади врз него и партијата се директен доказ дека СДСМ дејствува како единствена вистинска опозиција и директно ги открива криминалите на власта.
„Вчера ја добивме и последната потврда дека сме единствена вистинска опозиција на политичката сцена во Македонија. Организирани напади врз нас преку контролирани медиуми и нашите петтоколонаши беа доволни за да стане јасно дека со цела сила удривме во осино гнездо.“ посочи Филипче.
Тој нагласи дека целта на овие напади е да се запре опозицијата која јавно и аргументирано зборува за криминалот и корупцијата на власта. И во таа насока, тој потенцираше дека СДСМ е единствената опозициска сила која доследно се спротивставува на власта во интерес на граѓаните.
„Единствена опозиција, затоа што се бориме против криминалот на власта, се бориме за подобар живот на граѓаните. Она што граѓаните денес го гледаат е дека ние сме конструктивна, а не неконтролирана опозиција, како некои други.“
Тој истакна дека нападите нема да ја запрат СДСМ, туку напротив, се доказ дека партијата е на исправниот пат.
„Ова нема да нè запре. Сега сме посилни, затоа што ова е јасен показател дека сме на вистинскиот пат – по патот на вистината и правдата. А правдата ќе победи!“, порача Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…
Бомбени закани над Европа: Три авиони на…
Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…
Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…
Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…
Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…
Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…