ССМ: Претставник на Владата не се појави за да потпише зголемување на платите – Недозволиво е да ни земете 3 парички, а да ни дадете една!
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов во 9 часот во Сојузот на синдикатите на Македонија го чекаше претставникот на Владата да дојде и да потпишат Спогодба за утврдување на висината на минималната плата во бруто – износ започнувајќи со исплатата за месец февруари 2026 година со која минималната плата се зголемува на 600 евра во нето, а останатите плати да се зголемуваат за најмалку 6000 денари, објавија од Сојузот на синдикати на Македонија.
Во продолжение нивата објава:
– Денеска, паднаа маските, се разобличија лагите кои претставникот на Владата ги изјавуваше изминатите денови за да створат сомнеж кај работниците, денеска не дојде како што го поканивме, денеска тие имаа други приоритети, а се потврди дека не им е приоритет зголемувањето на работничките плати ниту зголемување на минималната плата, ниту зголемување на останатите плати – истакна Претседателот Трендафилов.
Добро е што претставникот на Владата по големиот работнички протест го прифати предлогот на Синдикатот на УПОЗ за зголемување на платите во управата и правосудството, а требаше веднаш и без одлагање да го потпишат колективниот договор.
Се потврди дека само зборуваат, а не делуваат, денеска требаше да ги зголемат и платите на вработените во управата за 40 %, но не се појавија на потпишувањето на спогодбата и на колективните договори, бегаат од одговорноста, како што бегаат цела 2025 година.
Дополнително, работниците во јавниот сектор треба да знаат дека барањето за укинување на одредбите од Општиот колективен договор во делот за пресметка на плата (просечна плата по коефициент за сложеност) иста како на функционерите, значи намалување односно откажување од работничките плати за x(12,6%) + y(9,2%) = z(21,8%) за 130.000 работници во јавниот сектор или во парички, да им земат 3 парички на работниците, а да им дадат 1 паричка што е недозволиво. – велат од ССМ.
Трендафилов додава дека приорити се во прашање, а приоритетите на Владата не се зголемување на платите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ССМ: Претставник на Владата не се појави…
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов во 9…
Трендафилов: Паднаа маските, се разобличија лагите кои…
Во 9 часот во Сојузот на синдикатите…
(Видео) Трендафилов најави блокади: Пратениците во Собранието…
Првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов порача…
Славески: Барањата на ССМ за зголемување на…
„ССМ организира протест со барање минималната плата…
Пешевски „призна“ дека протестот е политички: Политика…
Објава на Фејсбук на Иван Пешевски: Премиере,…