Пахлави повика на глобални протести на 14 февруари против режимот во Иран
Протераниот ирански наследник на престолот и водечка опозициска фигура, Реза Пахлави, повика на масовни демонстрации низ целиот свет, означувајќи го 14 февруари како „Глобален ден на акција“ во поддршка на она што тој го нарече „Револуција на лавот и сонцето“ во Иран, пренесува Ерусалим пост.
Во изјава објавена во понеделник на Икс, Пахлави ги повика Иранците што живеат во странство, како и поддржувачите на иранското опозициско движење на меѓународно ниво, да се соберат во поголемите градови низ целиот свет, со цел да се изврши притисок врз меѓународната заедница да преземе конкретни мерки против Исламската Република.
Повикот се однесува и на собири во клучните градови, вклучувајќи ги Минхен, Лос Анџелес и Торонто, каде што се активни заедниците на иранската дијаспора. Пахлави вели дека координираното меѓународно движење може да го зголеми притисокот врз владите и меѓународните организации да заземат поцврст став кон Техеран.
Пахлави е син на последниот шах на Иран, Мохамед Реза Пахлави, кој беше соборен во Исламската револуција во 1979 година, што доведе до воспоставување на сегашниот теократски режим.
Во последниве години, тој се појави како еден од најпрепознатливите гласови на иранската опозиција во дијаспората, отворено промовирајќи промена на режимот и обидувајќи се да ги обедини различните антиестаблишмент движења надвор од Иран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пахлави повика на глобални протести на 14…
Протераниот ирански наследник на престолот и водечка…
Иранскиот претседател бара фер преговори со САД
Иранскиот претседател во вторник изјави дека му…
Иран кон Вашингтон: Ако нападнете, ќе има…
Иран денеска го засили предупредувањето до Вашингтон,…
Трамп: Преговараме со Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран…
Израел негира вмешаност во експлозиите во Иран
Израел не е вклучен во серијата експлозии…