Албанскиот Уставен суд го отфли барањето на Рама и ја потврди суспензијата на вицепремиерката Балуку од јавна функција

t

Уставниот суд го отфрли барањето на премиерот Еди Рама во врска со случајот на вицепремиерката и министерка за инфраструктура Белинда Балуку, бидејќи не беше постигнато потребното мнозинство гласови за негово прифаќање, со што на сила останува суспензијата на Балуку од јавни функции.

Осумте уставни судии се поделиле во гласањето, четворица биле „за“ а четворица против, што според правилата за работа на Уставниот суд автоматски значи дека жалбата е отфрлена.

Како резултат на тоа, одлуката на  Специјалниот суд против корупција и организиран криминал за суспендирање на вицепремиерката Балуку од функцијата останува во сила, бидејќи Уставниот суд не ја укина.

Специјалниот суд, на барање на Специјалното обвинителство, одлучи да ја суспендира Белинда Балуку од функцијата. Премиерот Еди Рама ја сметаше оваа одлука за кршење на неговите уставни овластувања и поднесе жалба до Уставниот суд, тврдејќи дека судот се вмешал во овластувањата на извршната власт, поточно, во правото на премиерот, да суспендира или разрешува членови на владата.

Инаку, Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) на 31 октомври мината година поднесе обвинение против Балуку, во рамки на истрага поврзана со тендерските постапки за тунелот Логара и дел од проектот за Големата обиколница во Тирана.

Дваесет дена подоцна судот на Балуку ѝ изрече две безбедносни мерки „суспензија од вршење на должност и функцијата“ и „забрана за напуштање на земјата“.

По поднесувањето на барањето од страна на премиерот, Уставниот суд одлучи привремено да ја врати Балуку на работа додека не се разгледа основаноста на случајот. Сепак, со сегашната одлука, жалбата е отфрлена и нејзиното суспендирање од функцијата останува во сила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…

Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…

Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…

Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…

Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…

31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…

(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…

Рама најави построги казни за протестите во…

Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…