35 поранешни и 19 нови градоначалници не поднеле изјави за имот
Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 информираше дека Комисијата засилено го следи пријавувањето на имотната состојба и интересите на избраните и именуваните лица, при што веќе се констатирани бројни пропусти кај дел од градоначалниците.
Чучуљ посочи дека проверките започнале со градоначалниците, веднаш по локалните избори и по неговото стапување на функцијата претседател на ДКСК.
„Констатиравме дека 35 поранешни и 19 нови градоначалници не поднеле изјави за имотна состојба. За сите нив изрековме соодветни прекршочни платни налози“, изјави Чучуљ.
Тој најави дека во моментов во тек е проверка и на општинските советници кои евентуално не ја исполниле законската обврска за поднесување на изјава за имот и интереси.
„Сега сме во фаза на проверка на советници по општините кои не ја исполниле законската обврска. Наскоро ќе излеземе и со конкретни бројки“, истакна претседателот на ДКСК.
Покрај локалните функционери, Комисијата извршила проверки и кај судиите и јавните обвинители. Според Чучуљ, кај оваа категорија лица проблемот произлегува од преминот кон новото електронско решение за пријавување на имотната состојба, кое е во примена од 2024 година.
„Голем дел од нив имаат поднесено изјави преку стариот систем. Законот од 2019 година не предвидува прекршочна санкција доколку не поднесат изјава преку новиот систем“, појасни Чучуљ.
Тој додаде дека ДКСК, во координација со Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, ќе стапи во контакт со сите судии и обвинители за да се обезбеди поднесување изјави согласно новиот софтвер, кој, како што нагласи, овозможува подетална и поопширна пријава на имотната состојба.
„Речиси сите судии и обвинители имаат пријавено сè што треба, но целта е тоа да биде направено преку новото електронско решение“, нагласи Чучуљ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ објави уште неколку кандидати за градоначалници,…
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ),…
Алијанса на Таравари најверојатно ќе има свои…
Предводникот на едното крило на Алијанса на…
Филипче: Институциите вршат притисок врз градоначалниците од…
„Имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции…
Мециновиќ: Удирате по уставно загарантираното право на…
,,Зошто сега кога Тимчо Муцунски е отиден…
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ немаат мерки за намалување…
Од СДСМ критикуваат дека градоначалниците од редовите…