Бројот на заболени од грип се намалува, велат од Институтот за јавно здравје
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави дека бројот на нови случаи на грип и заболувања слични на грип во периодот од 2 до 8 февруари бележи намалување од 12,8% во споредба со претходната недела. Вкупно се регистрирани 1.306 нови случаи.
Најголем дел од заболени се лица на возраст од 15 до 64 години (715 случаи), а следуваат децата на возраст од 5 до 14 години со 228 случаи, децата од 0 до 4 години со 184 случаи, и лица над 65 години со 179 случаи, објави 4news.mk Највисока инциденца, од 190,6 на 100.000 жители, е забележана кај најмалите деца на возраст од 0 до 4 години.
Според регионите, најмногу заболени се пријавени во Скопје – 543, следуваат Прилеп – 146, Тетово – 110, Струмица – 82, Битола – 76 и Гевгелија – 56. Во голем број општини бројот на заболени е под 30, а во Делчево, Валандово и Пробиштип не се пријавени случаи.
Во текот на сезоната на грип досега се регистрирани четири смртни случаи поврзани со ова заболување, објави 4news.mk ИЈЗ апелира до граѓаните да продолжат со превентивни мерки, вклучително редовно миење раце и користење маски при симптоми на настинка или грип.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бројот на заболени од грип се намалува,…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави дека…
Малигните неоплазми – втора најчеста причина за…
Малигните неоплазми се меѓу најчестите причини за…
Над 2.000 лица заболени од грип за…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрираше 2.062…
Нема продолжување на зимскиот распуст
Од 5 до 11 јануари регистрирани се…
ИЈЗ: Над 1.700 случаи на грип за…
Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија…