250 луѓе се згрижени во градската спортска сала во Кичево, граѓаните сами ја исфрлаат водата од домовите

t

По новото излевање на Зајаска Река во Кичево, предизвикано од поројните дождови, повеќе од 60 семејства повторно се соочија со губење на домот – вторпат во изминатиот месец. Додека трае санацијата на штетите, околу 250 луѓе од 63 домаќинства се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Условите за престој во салата засега не овозможуваат соодветно одржување на лична хигиена бидејќи евакуираните немаат пристап до тушеви и до основни санитарни услови.

Градоначалникот Александар Јовановски соопшти дека до крајот на денот ќе биде најдено решение за подобрување на условите, со посебен акцент на хигиенските потреби на сместените луѓе.

Сè уште не се знае колку долго погодените граѓани ќе мора да останат во привременото сместување. При претходниот бран поплави тие таму поминале околу една недела, но овој пат надлежните проценуваат дека престојот може да се продолжи и до две недели поради обемот на штетите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

250 луѓе се згрижени во градската спортска…

По новото излевање на Зајаска Река во…

Битола испрати помош за поплавените региони во…

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информираше…

ЦУК: Вонредна состојба во Полошкиот регион, поплави…

Центарот за управување со кризи информира за…

ДЗС: Масовни евакуации во Кичево, во Гостивар…

Тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување…

Поплави во повеќе делови од државата, во…

ВОНРЕДНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОПЛАВИ Состојба до 08:30…