Вардар е 220 сантиметри кај Јегуновце, Треска 196 – Реките достигнаа критично ниво по обилните врнежи
Обилните врнежи од дожд што ја зафатија целата територија на Македонија во изминатите денови предизвикаа значителен пораст на речните води, соопшти Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според најновите податоци, речиси сите поголеми водотеци имаат значително повисоко ниво од просекот за февруари, а на некои мерни места порастот е повеќе од четирикратно во однос на вообичаените вредности.
Најсериозна е состојбата со реката Треска кај Македонски Брод, каде нивото достигнало 196 сантиметри, во споредба со февруарскиот просек од 49 сантиметри. Вардар, најголемата македонска река, кај Јегуновце утрово се измерени 220 сантиметри, што е два и пол пати повеќе од нормалното ниво за овој период. Зголемено ниво на Вардар е регистрирано и кај Скопје, Велес и Демир Капија.
Пораст на нивото е забележан и на Црна Река кај Новаци, на Брегалница кај Берово, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Сатеска кај Ботун, како и на Црн Дрим кај Ложани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вардар е 220 сантиметри кај Јегуновце, Треска…
Обилните врнежи од дожд што ја зафатија…
250 луѓе се згрижени во градската спортска…
По новото излевање на Зајаска Река во…
ЦУК: Вонредна состојба во Полошкиот регион, поплави…
Центарот за управување со кризи информира за…
Поплави во повеќе делови од државата, во…
ВОНРЕДНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОПЛАВИ Состојба до 08:30…
Левица: Со поројните дождови во Кичево, на…
Со поројните дождови во Кичево, на површина…