Објавено на:

Секој што ќе крене рака или ќе демне жена ќе се соочи со законот, порача Тошковски информирајќи дека двајца се притворени

t

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека полицијата презела мерки во неколку случаи поврзани со семејно насилство и вознемирување.

Во објава на социјалните мрежи, Тошковски информира дека во текот на вчерашниот ден две лица биле лишени од слобода во врска со семејно насилство и им е определен 30-дневен притвор.

Според него, денеска уште две лица ќе се соочат со правдата по брза постапка – едното за семејно насилство, а другото за демнење на жена. „Ова е јасна порака дека насилството и вознемирувањето нема да се толерираат“, напиша Тошковски. Тој нагласи дека Министерството за внатрешни работи постапува бескомпромисно и дека секој што ќе изврши насилство, ќе демне или ќе заплашува жена ќе се соочи со институциите и со законот. Тошковски ги повика граѓаните, особено жртвите на семејно насилство и вознемирување, да ги пријавуваат ваквите случаи, додавајќи дека институциите се подготвени да реагираат брзо и одлучно. Во објавата министерот упати и критики кон, како што наведе, политички актери кои организираат прес-конференции со „крвави раце“, обвинувајќи ги дека се обидуваат од трагедиите да направат политички спектакл. Според него, одговорот на институциите ќе биде преку апсења, постапки и функционирање на системот. Семејно насилство во Скопје: Со пиштол пукал кон сопругата, куршумот се одбил од паркетот и завршил во прозорецот Сопругот ја истепал Ивана Јовановски на денот на трагедијата и и’ се заканувал дека ќе ја убие, соопшти Обвинителството, предложен е притвор Приведен маж од Врапчиште: се сомничи дека ѝ се заканувал и ја следел поранешната партнерка од Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…

Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…

Бомбени закани над Европа: Три авиони на…

Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…

Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…

Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…

Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…

Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…

Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…

Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…