Орбан: Унгарија од полноќ воведува ограничување на цените на бензинот и дизелот
Унгарската влада ќе ги ограничи цените на бензинот и дизелот на бензинските пумпи, почнувајќи од полноќ по локално време, изјави премиерот Виктор Орбан во Будимпешта.
Овој потег е последица на скокот на глобалните цени на нафтата, до кој дојде поради американско-израелската војна против Иран, која почна на 28 февруари и ги зафаќа клучните земји и инфраструктурата за производство и транспорт на нафта и гас.
Во видео снимка објавена на социјалните мрежи, Орбан рече дека „меѓународната експлозија на цените на нафтата стигна и до Унгарија“ и објави дека владата ќе ја ограничи цената на бензинот на 595 форинти (1,5 евра) по литар, а цената на дизелот на 615 форинти (1,56 евра) по литар.
Тој наведе дека ограничувањето на цените ќе се однесува само на возила со унгарски регистарски таблички и соодветни документи, и додаде дека Унгарија ќе ги ослободи своите нафтени резерви за да обезбеди соодветно снабдување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Тајкунот Богољуб Кариќ ќе се кандидира за…
Извршниот комитет на Движењето за силата на…
Семејно насилство: Татко крвнички го истепал 12-годишниот…
Татко од Крива Паланка бил насилен кон…