Дали сме пред нов ценовен шок?!
Војната на Блискиот исток тропна и на македонската врата. Но, наместо од ракети, ударот дојде преку цените на горивата. Дизелот поскапе за фантастични 14,5 денари, бензините за пет. Регулаторна ја соопшти новата цена на горивата во земјава која ќе важи од полноќ, но граѓаните и пред тоа, во паника, почнаа да создаваат колони на бензинските пумпи.
Поскапувањето следи по растот на цената на нафтата на светските берзи, по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и затворањето на Ормускиот теснец, клучна рута за транспорт на нафта. Голем удар за економијата, ова е правата реакција на бизнисмените, по енормниот скок на цените на горивата кај нас.
Од Владата засега молк. Од Илинденска денеска не одговорија на нашето прашање дали на утрешната седница ќе се донесат мерки кои ги очекуваат и бизнисмените и граѓаните, а кои на крајот на минатата недела ги најави премиерот Мицкоски. Тоа веќе го направија земјите од регионот.
Србија уште пред неколку дена забрани извоз на нафта и нафтени деривати, а Хрватската влада ги замрзна цените на горивата, дизелот на 1,55, бензините на 1,5 евра за литар. Меѓу опциите кои ги најави македонскиот премиер се намалување на акцизите, корекции на дел од даноците или користење на државните резерви, со цел да се ублажи ударот врз граѓаните и компаниите.
Во меѓувреме, светот внимателно ги следи движењата на нафтениот пазар. Земјите од Г7 денеска одржуваат итен состанок по скокот на цената на нафтата, која на моменти се искачи до речиси 120 долари за барел. Стравувањата се дека долготрајно нарушување на снабдувањето преку Ормускиот теснец може дополнително да ги зголеми цените на енергенсите. Според најавите, на состанокот ќе се разгледува и можноста за координирано ослободување на нафта од стратешките резерви за да се стабилизира пазарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Светиот маченик Евсигниј
Беше војник кај царот Максимијан, кај царот…
Метео: Сончево и топло со услови за…
Сончево и топло со мала до умерена…
Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун –…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска посочи дека…
Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари…
Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден…
Претседателот на Хрватска утре ќе побара вонредна…
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре ќе испрати…