Женско тело извадено од реката Вардар во центарот на Скопје

t

Безживотно тело на жена било пронајдено денеска во реката Вардар во центарот на Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, телото било забележано во водите на реката во близина на мостот кај Градскиот стадион.

На местото на настанот интервенирале полициски службеници од СВР Скопје, кои го извлекле телото од реката. Засега не се соопштуваат повеќе детали за идентитетот на лицето.

По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција со цел да се утврдат причините за смртта. Во меѓувреме, полицијата врши увид на местото на настанот.

Од надлежните институции се очекуваат повеќе информации за случајот во текот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…

Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…

Бомбени закани над Европа: Три авиони на…

Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…

Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…

Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…

Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…

Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…

Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…

Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…