Пратениците повторно го одбија предлогот за електронска нараквица за сторителите на семејно насилство
Собранието го одби предлогот на Моника Зајкова и група пратеници за електронска нараквица за сторителите на семејно насилство.
Од 94 регистрирани пратеници, само 27 гласаа „За“ и немаше „против“ или „воздржани“.
И лани во април, Зајкова го поднесе истиот предлог-закон кој тогаш исто така беше одбиен, односно за него гласаа само 12 пратеници.
Покрај забраната за приближување, со предлогот клучно беше воведувањето на електронска нараквица за сторителите на семејно насилство, која ќе ја предупредува жртвата дека сторителот се приближува до одредено место, односно на оддалеченост помала од 100 метри, со што ќе се зголеми степенот на заштита на жртвата и ќе се намали можноста за нејзино повторно изложување на насилство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пратениците повторно го одбија предлогот за електронска…
Собранието го одби предлогот на Моника Зајкова…
Собранието денес го избира Републичкиот јавен обвинител
Собранието денеска треба да ја одржи 94.…
Собранието троши 393.000 евра за авионски билети
На веб-страницата за јавни набавки е објавен…
Петровска: Секој пратеник требаше да биде во…
Пратеничката Славјанка Петровска не се сложува и…
Комеморативна седница во Собранието за годишнината од…
Во Собранието денеска ќе се одржи Комеморативна…