Фатен возачот кој прегази 11-годишно девојче во Капиштец и избега

t

Од МВР информираат дека во текот на вчерашниот ден полициски службеници го пронашле возачот кој пред два дена прегази 11-годишно девојче во Капиштец и избега.

-Вчера(18.03.2026) полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа С.Б. од Скопје кој пред два дена со возило на ул. “Васил Ѓоргов” во Скопје удри во пешак и избега.
Имено 16.03.2026 во 16:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје беше пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 11-годишна малолетничка од Скопје. Според пријавеното, околу 13:20 часот на крстосница од ул.„Васил Ѓоргов“ и сервисната улица со ул.„Народен Фронт“ во Скопје, патничко возило удрило во неа и го напуштило местото на настанот.

СВР Скопје против С.Б. ќе поднесе кривична пријава по член 300 од Кривичниот законик за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и членот 301 за неикажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија: Маж загина откако со мотоцикл удри…

На 06.09.2026 година околу 13:00 часот во…

Тетовец возел со три промили алкохол во…

На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници…

Тешка сообраќајка пред Блаце – долги колони…

Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот…

Автомобил и автобус на ЈСП се судриле…

Патничка во скопски градски автобус вчера завршила…

Загина возач, автомобилот се запалил по удар…

Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид…