Објавено на:

Оман: Вашингтон ја изгуби контролата, време е за дипломатија

t

Министерот за надворешни работи на Оман, Бадр Албусаиди, упати остра порака до Вашингтон, оценувајќи дека САД ја изгубиле контролата врз сопствената надворешна политика и повикувајќи на итен прекин на воените дејствија и враќање на преговорите со Иран.

Во авторска статија за списанието The Economist, Албусаиди наведува дека во изминатите месеци САД и Иран биле блиску до договор за клучното прашање – иранската нуклеарна програма. Според него, пресвртниот момент се случил на 28 февруари, кога по интензивни разговори следел нов воен напад од страна на Израел и САД, што ги прекинал шансите за дипломатско решение.

Иако ги осуди иранските напади, оманскиот министер оцени дека таквиот одговор бил очекуван во дадените околности. Тој предупреди дека ескалацијата дополнително го дестабилизира регионот, особено земјите од Персискиот Залив, кои со години се потпираат на безбедносната соработка со САД.

Според Албусаиди, актуелната криза сериозно го загрозува економскиот модел на регионот, кој се базира на туризам, авијација, технологија и спорт. Дополнително, блокадата на Ормутскиот теснец веќе има глобални последици, со ризик од економска рецесија.

Тој оценува дека најголемата грешка на американската администрација била самото влегување во војната, нагласувајќи дека не постои реално сценарио во кое САД и Израел би ги постигнале своите цели без долготраен конфликт и ангажман на копнени сили.

Како решение, Албусаиди повикува на обновување на дијалогот меѓу Вашингтон и Техеран, оценувајќи дека само преку преговори може да се обезбеди стабилност, да се спречи ширењето на нуклеарното оружје и да се гарантира сигурно снабдување со енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…

Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…

Бомбени закани над Европа: Три авиони на…

Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…

Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…

Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…

Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…

Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…

Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…

Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…