Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

t

Во втората половина од 2025 година, вкупно 80 здравствено осигурани лица од редовите на полицијата искористиле 514 боледувања, покажуваат податоците на Фондот за здравствено осигурување. Најголемиот дел од боледувањата траеле до седум дена, 171 биле до 15 дена, додека 83 траеле повеќе од 30 дена.

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, информира дека при контролите биле утврдени неправилности кај 29 лица, односно кај околу 37 проценти од анализираните случаи. Овие лица искористиле вкупно 236 боледувања, од кои 100 биле оценети како неуредно издадени, додека останатите 136 биле оправдани. Тоа значи дека речиси 19,5 проценти од вкупниот број боледувања биле спорни.

Според Клековски, дел од боледувањата се оправдани, но постојат и злоупотреби. Во пракса, како што посочи, има случаи кога вработен користи боледување од седум дена, се враќа еден ден на работа, а потоа отвора ново боледување со друга дијагноза. Дополнително, се бележат и ситуации во кои осигурениците го менуваат матичниот лекар кога претходниот одбива да им издаде ново боледување. Најекстремниот случај, како што рече, вклучува промена на четири матични лекари во период од една и пол година.

Како клучен проблем се посочува непостоењето на интегриран систем за следење на боледувањата, што го отежнува навремено откривање на евентуални злоупотреби. Во моментов, Фондот може да врши контроли само по барање на работодавачите, како што било случај со Министерството за внатрешни работи, но и со Царината и Армијата, каде што исто така биле спроведени проверки во помал обем.

Во тек е реализација на проект финансиран од Европската унија за надградба на постојниот систем, кој треба да овозможи подобар увид во користењето на боледувањата. Сепак, поради тоа што проектот трае две години и е поврзан со други дигитални системи, како „Мој термин“, засега нема точен рок кога ќе биде целосно функционален.

Клековски најави и средба меѓу претставници на ФЗОМ, синдикатите и работодавачите, со цел да се изнајдат решенија за ова прашање, кое претставува финансиски товар за буџетот. Дел од вработените, имено, за време на боледување добиваат 80, 90 или дури 100 проценти од платата. Иако има индиции дека некои лица го користат боледувањето за извршување друга работа, такви случаи не се евидентирани кај полицајците.

Најчестите причини за отворање боледување се болести на респираторниот систем, мускулно-скелетниот систем и болести на дигестивниот тракт.

Во однос на контролите во здравствените установи, биле опфатени 105 приватни здравствени организации, од кои најголем дел се ординации по општа медицина. Неправилности биле утврдени кај 29 установи, како и кај неколку специјалисти и комисии во јавниот сектор. За констатираните пропусти биле изречени глоби во вкупен износ од 1,2 милиони денари.

Според информациите, висок процент на боледувања има и во јавните здравствени установи, каде во одредени клиники до 20 проценти од персоналот е отсутен поради боледување. Сепак, ФЗОМ нема надлежност да врши контроли без иницијатива од работодавачот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување…

Во втората половина од 2025 година, вкупно…

(Видео) Скопјанка со „ауди“ се движи по…

На 19.03.2026 во полициска станица, полициски службеници…

(Видео) Акција на МВР и Град Скопје…

По пријава, Град Скопје денес спроведе акција…

Наставник од скопско средно училиште барал полови…

Лишен од слобода наставник во Скопје, вознемирувал…

За две недели МВР поднесе 26 кривични…

21 кривични пријави поднесе МВР во последните…