Доцна синоќа опожарен кровот на затворската амбуланта во Идризово
Доцна синоќа избувнал пожар на кровот од објектот на затворската амбуланта во затворот Идризово, потврди полицијата.
Од МВР велат дека настанот бил пријавен во СВР Скопје, 21 минута по полноќ.
На местото интервенирала Бригада за противпожарна заштита Скопје, чии екипи брзо успеале да го локализираат и изгаснат пожарот.
Во инцидентот нема повредени лица, а по гаснењето, бил извршен увид. Надлежните служби преземаат мерки за утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
60 пијани возачи се казнети за само…
Сообраќајната полиција синоќа за само шест часа,…
(Видео) Вработени во ЕВН со хебла кршат…
До редакцијата на Инфомакс пристигна видео од…
МВР воведува брзи тестови за дрога, еден…
Кокаин, амфетамин, метамфетамин, опијати (морфин, хероин), екстази…
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
МВР: Лишени од слобода 22 возачи за…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…