Во Велес се поставуваат камери, „Безбеден град“ треба да профункционира кон крајот на јули

t

Секторот за внатрешни работи Велес информира дека деновиве се поставуваат камери на главните улици на Велес. Се врши монтажа на каблите, металните сандачиња, столбовите и камерите.

Според првичните информации, стартот на „Безбеден град“ во Велес се најавува кон крајот на јули годинава.

„Приоритетот за поставување на камерите се одредува според прецизни критериуми за безбедност. Фокусот ќе биде ставен на главните сообраќајни артерии каде е регистрирана поголема фреквенција на возила и пешаци, клучните крстосници каде што често се случуваат сообраќајни прекршоци, со цел зголемување на општата безбедност“, информираа од СВР Велес.

Полицијата појаснува дека бројот на локации ќе биде соодветен на потребите, со цел да се покријат т.н. „црни точки“ каде статистички се случуваат најмногу сообраќајки, а точниот број и специфичните локации ќе бидат дефинирани по завршување на техничкото планирање, но целта е целосна и ефикасна покриеност на критичните зони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…

Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…

За еден месец, македонската полиција запленила 97…

Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и…

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…

Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…

Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…

Сите учесници во инцидентот во скопската населба…