Димитриевски за пратеникот Цеков: Не направив партија за да исклучуваме членови
Осврнувајќи се на различните ставови на пратеникот од ЗНАМ Миле Цеков, партискиот лидер Максим Димитриевски изјави дека партијата останува отворена за внатрепартиска дебата и различни мислења, но, како што вели, со јасна граница за почитување на програмските определби и довербата на гласачите.
-Не направив партија за да исклучуваме членови, туку да привлекуваме и да го градиме демократскиот капацитет. Дебати може да има, сè додека не се злоупотреби довербата на граѓаните – изјави Димитриевски, испраќајќи порака дека различните ставови се дозволени, но не и отстапување од основните принципи.
Тој рече дека пратениците пред сè мандатот го добиваат од граѓаните, а потоа и од политичката партија, поради што секое евентуално отстапување од програмата мора да биде објаснето пред јавноста.
-Не можете никого да држите со сила. Кој сака може да си оди – нагласи претседателот на ЗНАМ, потенцирајќи дека политичката одговорност е лична, а довербата на гласачите клучна.
Инаку, Цеков неодамна изјави дека „лично нема ништо против“ и би гласал за евентуално внесувањето на Бугарите во Уставот ако се заштитени македонските национални интереси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од полноќ поскапуваат горивата: Бензините за 2,…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Маѓар продолжува со чистката во Унгарија: Се…
Унгарската владејачка партија „Тиса“ ќе го поддржи…
Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…
Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…
(Видео) Ахмети: Македонија не е на Мицкоски…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа одржа…
Сопственикот на Алта банка Давор Мацура се…
Јавното обвинителство за гонење организиран криминал во…