(Видео) Снимен е насилникот кој намерно газеше човек со џип во Аеродром и излезе да го тепа

t

Снимен е инцидентот од пред три дена во општина Аеродром, во кој возач на џип „БМВ“ намерно удри во човек на тротинет и наместо да му помогне, тој излезе од возилото и го нападна. Настанот со телфон го снимил минувач, кој го испрати на „Слободен печат“.

Тој вели дека бил сведок на брутално насилство и дека тоа што го видел многу го потресло, како и дека двајцата возачи прво си дофрлале нешто возејќи, што, како што додава, е воочибачено во сообраќајот во денешно време.

По тоа возачот-насилник намерно удрил со џип-от во возачот на тротинетот па од ударот, тој летнал преку хаубата на џип-от и паднал на улицата, а насилникот наместо да му помогне, излегол од колата за да го тепа. Вели дека тоа што го видел било обид за убиство, а не како што пишува во полицискиот билтен дека се работи за насилство.

„На 26.03.2026 во 16:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(32) од Скопје затоа што околу 11:10 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, со патничко возило „бмв” удрил во тротинет кој го управувал З.И.(41) од Скопје, а потоа и физички го нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” по член 386 од Кривичниот законик“, пишува во полицискиот билтен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Снимен е насилникот кој намерно газеше…

Снимен е инцидентот од пред три дена…

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства,…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска се…

„Макпетрол“ се пожали: РКЕ повторно носи одлуки…

„Макпетрол“ изразува сериозна загриженост по повод одлуката…

Стармер до Трамп: Ова не е наша…

Премиерот на Велика Британија – Кир Стармер…

Трамп се закани: Ако Хормуз веднаш не…

Американскиот претседател Доналд Трамп објави заканувачка порака…