УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

t

Во врска со објавените написи во дел од медиумите во кои се наведува дека студентите се „на удар“ на Управата за јавни приходи и дека им се бара плаќање данок за летна работа во Германија за период од последните пет години, Управата за јавни приходи цели кон транспарентно информирање на јавноста и студентите со цел да се избегнат несоодветни толкувања на нејзините активности.

УЈП не наметнува нови обврски, ниту бара исполнување на обврски кои не се законски регулирани. Активностите на Управата за јавни приходи се насочени кон воспоставување ред во оданочувањето и правилна и еднаква примена на законските правила за сите даночни обврзници.

-Пристапот на УЈП не е насочен само кон присилно спроведување на законските одредби, туку пред сè кон поттикнување доброволно пријавување и плаќање на даноците, преку јавно и персонализирано појаснување на законските обврски. Во однос на оданочувањето на доход остварен во странство, УЈП во изминатиот период на својата веб-страница објави повеќе појаснувачки материјали, вклучително информации, одговори на најчесто поставувани прашања, видео-упатства и потсетувања за законските рокови, велат од УЈП.

Дополнително, во два наврати беа испратени персонализирани известувања до сите граѓани кои во 2025 година оствариле доход од работа во странство, со цел тие навремено, многу пред истекот на законскиот рок, да бидат информирани за обврската за пријавување на остварениот доход. Во оваа категорија спаѓаат и студентите кои оствариле доход преку краткотрајна работа во странство.

-Со овие активности никој не е „на удар“, туку станува збор за мерки насочени кон подигање на свеста за законските обврски и обезбедување поддршка за нивно правилно и навремено исполнување. УЈП во повеќе наврати потенцира дека не може да има двојно оданочување на ист доход и дека законите и меѓународните договори прецизно утврдуваат во која држава се плаќа данокот. Сепак, секој резидент на Република Македонија има обврска да го пријави доходот остварен во странство и да влезе во неговата даночна пријава, бидејќи тоа е значајно за остварување на права и обврски пред различни институции. Важно е сите граѓани, а особено младите луѓе, да ги разбираат своите обврски и да ги исполнуваат навремено, бидејќи само на тој начин се гради општество засновано на еднакви правила, владеење на правото и правична даночна распределба.
Во таа насока, УЈП повторно информира за законските обврски. Имено, согласно Законот за данокот на личен доход, секое физичко лице македонски даночен резидент има обврска да пријави и плати данок на доходот остварен како во земјата, така и од странство, посочуваат од УЈП.

За резидент се смета лице кое има постојано живеалиште или кое престојува на територијата на државата повеќе од 183 дена во кој било 12 месечен период. Ова значи дека лицата кои имаат постојано живеалиште во земјава, како и на оние на кои средиште на животни интереси (економски интереси, поблиско семејство) им е во земјава, се сметаат за македонски даночни резиденти.

Согласно законските одредби, доход од работа претставува секој доход остварен по основ на работен однос, вклучително и доход од привремени и повремени ангажмани во странство.

Владата на Република Македонија има склучено Договор со Владата на Сојузна Република Германија за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал, објавена во “Сл.весник на РМ” број 86/06 со примена од 01.01.2011 година, со кој се уредува правото на оданочување меѓу земјите договорнички како и постапката на обегнување на двојно оданочување.

Физичките лица – студенти кои оствариле доход од краткотрајна работа во Германија, со работа таму во период пократок од 183 дена се македонски даночни резиденти и имаат обврска:

•да го пријават доходот преку системот е-даночни услуги,
•да поднесат електронска пресметка најдоцна до 10-ти во месецот за доходот остварен во претходниот месец.

За вака остварениот доход од работа во Германија, согласно Законот и меѓународниот договор данокот се плаќа во Македонија.

Во пресметката задолжително се внесуваат податоци за државата од која е остварен доходот, датумот на прилив, износот и валутата. По одобрување на пресметката од страна на Управата за јавни приходи, даночниот обврзник добива налог за плаќање, а утврдениот данок треба да се плати најдоцна до 15-ти во месецот.

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија.

За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите,…

Во врска со објавените написи во дел…

Клучни лекции од историјата: Дали Иран е…

Војната што Соединетите Американски Држави и Израел…

Со „Б“ категорија да може да се…

Пратеничката група на движењето ЗНАМ, со поддршка…

За “хотлајн” аудио снимките меѓу Сијарто и…

Во аудио снимка објавена во медиумите Vsquare…

ОЈО ќе ја испитува одговорноста на 39…

Специјализираното одделение при Основно јавно обвинителство за…