Нема поскапување: Цените на лебот и пецивата остануваат стабилни
Денес во Министерството за економија се одржа работен состанок на Групациите од мелничко пекарската индустрија на коморите и нивните членови (Стопанската комора, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанска комора на Северо-Западна Македонија), со заменик министерот Марјан Ристески и со директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски. На средбата беа донесени следните заклучоци:
Состојбата со цените на лебот и пецивата е под контрола и тие не се покачени во 99 % во државата;
Како општествено одговорна индустрија, преставниците и членовите на Коморите од мелничко пекарската индустрија одлучија цените на лебот и пецивата да не се покачуваат, односно, да останат на исто ниво и во следниот период, до крајот на април, при што состојбите континуирано што ќе се следат и ќе се анализираат;
Министерството за економија и Владата, се заложија заеднички да се следи состојбата и, во случај на влошување на ситуацијата со цените на нафтата и нафтените енергенси, заедно со мелничката индустрија да изнајдат заеднички решенија како би се релативизирала опасноста во оваа индустрија од зголемување на цените;
Исто така, мелничко пекарска индустрија до сите медиуми и политички чинители во Македонија замолува да не се користи оваа сложена ситуација со цените на лебот и пецивата за создавање паника и несигурност кај граѓаните, затоа што со тоа се наштетува и на граѓаните и на компаниите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден висок полициски функционер во Србија…
Шефот на Службата за борба против организиран…
Расправија меѓу Филипче и Тајко Славевски за…
Во однос на објавената информација со изјавата…
Стуб го демантира „Фајненшел тајмс“ за разговорот…
Финскиот претседател Александар Стуб ги демантираше извештаите…
„Долу диктатурата“: Вечерва во Тирана повторно антивладин…
Во Тирана вечерва повторно се одржа антивладин…
(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница
Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…