Објавено на:

Над 100 експерти по меѓународно право предупредуваат: Нападите на САД врз Иран ја кршат Повелбата на ОН и може да претставуваат воени злосторства

t

Повеќе од 100 експерти за меѓународно право го ставија својот потпис на отвореното писмо со кое изразуваат „длабока загриженост“ поради тоа што тие го нарекуваат сериозно нарушување на меѓународното право од САД, Израел и Иран во војната во Блискиот Исток.

Тие велат дека одлуката на САД и Израел да нападнат Иран е јасно кршење на Повелбата на Обединетите нации, која го забранува користењето на сила освен во самоодбрана или кога за тоа има овластување од Советот за безбедност на ОН.

Експертите укажуваат на „алармантна реторика “што ја користат официјалните претставници на САД, вклучувајќи ги заканит е на претседателот Доналд Трамп, дека ќе ги „уништат“ електраните во Иран.

Во својот одговор, Белата куќа соопшти дека Трамп со своите постапки го прави целиот регион побезбеден и ги отфрли ставовите на луѓето кои ги опиша како „таканаречени експерти“.

Во писмото, експертите исто така се спротивставија на изјавата на секретарот за одбрана Пит Хегсет дека „не смее да се поштеди ниту еден непријател“.

„Одбивање милост во конфликт “значи одбивање да се поштеди било чиј живот, дури и на оние кои се предаваат или се повредени.

Според потписниците, во меѓународното право е „особено забрането“ да се каже дека нема да се даде милост, забрана која е наведена и во прирачникот за законот на војна на Министерството за одбрана на САД.

Меѓу потписниците на писмото се Џонатан Трејси, поранешен правен советник во армијата на САД; Харолд Хонгју Кох; поранешен правен советник во Стејт Департментот и Уна Хетавеј, професорка по меѓународно право на правниот факултет Јејл и претседателка на американското здружение за меѓународно право.

„Сериозно сме загрижени затоа што постапките и заканите предизвикуваат огромна штета на цивилите и ризикуваат да го деградираат владеењето на правото и фундаменталните норми кои ги штитат цивилите во секоја земја“ – пишуваат во писмото експертите.

Според американската новинска агенција на активисти за човекови права, вкупно 1,606 цивили, вклучувајќи најмалку 244 деца, загинале во Иран од почетокот на конфликтот.

Писмото беше објавено во „Just Security“, онлајн журнал на правниот факултет на Универзитетот Њу Јорк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 100 експерти по меѓународно право предупредуваат:…

Повеќе од 100 експерти за меѓународно право…

„40-ти Марш на ангелите“

„40-ти Марш на ангелите“ се одржа денес,…

Бројот на пациенти со меланом пораснал за…

Бројот на пациенти кај кои бил дијагностициран…

Бугарски министер тврди: Над 210.000 граѓани од…

Заменик-министерот за надворешни работи на Бугарија, Марин…

Трамп: „Иран има 48 часа или доаѓа…

Американскиот претседател Доналд Трамп објави нова закана…