Објавено на:

Техеран го негира Трамп: Операцијата за спасување на пилоти заврши со неуспех

t

Иранската војска соопшти дека американската операција за спасување на копилотот на соборениот борбен авион Ф-15 во Иран завршила со неуспех, доведувајќи ги во прашање претходните тврдења на Вашингтон за успешна мисија.

Ебрахим Золфагари, портпарол на Централната команда на иранската воена команда Хатам ал-Анбија, изјави за државната телевизија ИРИБ дека американските сили не биле во можност да го евакуираат вториот член на екипажот и претрпеле загуби во нивните авиони за време на операцијата, објавува Политика.

„Напорите на непријателот да го спаси пилотот беа неуспешни. Непријателските воздушни цели, вклучувајќи два хеликоптери „Блек Хок“ и еден воен транспортен авион Ц-130, беа соборени во јужниот дел на Исфахан“, рече Золфагари, додавајќи дека погодениот авион се запалил по ударот.

Овие тврдења се спротивставуваат на пораката на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, кој објави дека двајцата членови на екипажот биле успешно спасени во една од „најсмелите операции за пребарување и спасување“ во поновата воена историја на САД. „Американската војска спроведе една од најсмелите операции за пребарување и спасување во историјата на САД, за еден од нашите неверојатни членови на екипажот, кој е исто така и многу почитуван полковник, и со задоволство ве известувам дека тој сега е безбеден и здрав“, напиша Трамп претходно на социјалната мрежа True Social. Тој, исто така, истакна дека фактот што обете операции се спроведени без ниту еден Американец да биде убиен или повреден, докажува дека САД постигнале целосна воздушна доминација и супериорност над иранското небо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Техеран го негира Трамп: Операцијата за спасување…

Иранската војска соопшти дека американската операција за…

Спасен е пилотот на соборениот американски авион…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека…

Поранешниот шеф на МААЕ ги повикува ОН,…

Поранешниот шеф на Меѓународната агенција за атомска…

МААЕ: Погодени делови од иранската нуклеарна централа

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти…

„Волстрит џурнал“: Прoпаднаа пеговорите за прекин на…

Обидите на земјите од Блискиот Исток да…