Кина е подготвена да соработува со Русија за надминување на тензиите на Блискиот Исток
Ванг, кој е и член на Политбирото на Комунистичката партија на Кина, го кажа ова во телефонски разговор со својот руски колега Сергеј Лавров.
Кинескиот министер за надворешни работи смета дека клучот за решавање на кризата во Ормуската Теснина е што побрз прекин на огнот, додавајќи дека Пекинг отсекогаш се залагал за решавање на жешките прашања во меѓународните односи преку дијалог и преговори.
Руското Министерство за надворешни работи, пак, соопшти дека Лавров и Ванг повикаа ситуацијата во Персискиот Залив да се смири што е можно поскоро.
Разговорот меѓу шефовите на дипломаттите на Кина и Русија се одржа во пресрет на гласањето во Советот за безбедност на ОН за резолуцијата поднесена од Бахреин за заштита на цивилниот превоз во и околу Ормуската Теснина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мостарец осуден на максимални 45 години затвор…
Кантоналниот суд во Мостар денеска го осуди…
Италија планира казни до 160 евра за…
Италија наскоро би можела да воведе казни…
Форумот за образовни промени поднесе тужба против…
Форумот за образовни промени (ФОП) денеска поднесе…
Скопјанец се заканувал на жена дека ќе…
Триесет и шестгодишен скопјанец бил лишен од…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…