Иран со одговор до Трамп: Ормуската Теснина ќе се отвори само кога ќе има надомест за бродарина
Иран одговори на ултиматумот од американскиот претседател Доналд Трамп со објавување нови закани за Ормуската Теснина, што е витална артерија за глобалните испораки на нафта и гас, јави ДПА.
„Ормуската Теснина ќе се отвори повторно само кога, според нов правен режим, штетите од наметнатата војна ќе бидат целосно компензирани од дел од приходите од бродарина за транзит низ преминот“, изјави синоќа на Икс, Мехди Табатабаеи, службеник за комуникации во канцеларијата на иранскиот претседател.
Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (IRGC) соопшти дека морскиот премин нема да се врати во претходната состојба, особено не за САД и Израел, наведуваат иранските медиуми, пренесени од ДПА.
Техеран тврди дека има контрола врз целиот премин и планира да воведе систем на бродарина за транзит низ него.
Трамп го предупреди Иран дека се соочува со напади врз електрани и мостови ако не се придржува до ултиматумот за ортворањ ена теснината до вторник во 20 часот (среда 00:00 GMT). Во објава на неговата платформа Truth Social, тој рече: „Отворете го проклетиот премин, луди гадови, или ќе живеете во пеколот – САМО ГЛЕДАЈТЕ!“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран со одговор до Трамп: Ормуската Теснина…
Иран одговори на ултиматумот од американскиот претседател…
Кривична за поранешниот градоначалник на Кичево, Дехари…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР…
(Видео) СДСМ: Деца силно пејат песна за…
Нов скандал, злоупотреба на деца за политички…
Нон пејпер кружи низ Европскиот парламент со…
Нон-пејпер циркулира во Европскиот парламент, како иницијатива…
ВЛЕН и ДУИ го поддржаа протестот но,…
Протестот беше поддржан и од албанските политички…