Нетанјаху: Израел нападна железнички линии и мостови во Иран
Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху во денешното видеообраќање изјави дека израелската армија нападнала железнички линии и мостови во Иран, бидејќи патна инфраструктура се користи за воени цели од страна на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).
– Вчера, нашите пилоти уништија транспортни авиони и десетици хеликоптери во иранска воздухопловна база. Денеска тие нападнаа железници и мостови што ги користи Корпусот на Исламската револуционерна гарда, наведе Нетанјаху.
Според Нетанјаху железниците биле користени од страна на ИРГЦ за испорака на материјали за производство на оружје, како и за транспорт на оружје и воен персонал.
Претходно, иранските медиуми објавија за широко распространети напади врз транспортната мрежа на Исламската Република во пресрет на ултиматумот на американскиот претседател Доналд Трамп против Техеран, што истекува вечерва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италија планира казни до 160 евра за…
Италија наскоро би можела да воведе казни…
Форумот за образовни промени поднесе тужба против…
Форумот за образовни промени (ФОП) денеска поднесе…
Скопјанец се заканувал на жена дека ќе…
Триесет и шестгодишен скопјанец бил лишен од…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Серија дојави за бомби ги крена борбените…
Унгарија денеска трипати ги крена борбените авиони…