ЗНАМ со честитка до Маѓар за победата над Орбан
Во име на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, упатуваме искрени честитки до господинот Петар Маѓар по повод укажаната доверба од граѓаните, како и до партијата ТИСА за остварениот изборен резултат, стои во денешното соопштение на ЗНАМ.
„Уверени сме дека билатералните односи помеѓу Република Македонија и Унгарија ќе продолжат да се развиваат со засилен интензитет, како и дека ќе се унапредат на уште повисоко ниво, водени од заедничките европски вредности, принципите на демократијата и меѓусебната поддршка.
Традиционалното пријателство меѓу двете држави претставува цврста основа за понатамошно продлабочување и унапредување на соработката и заеднички придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот“, пишува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗНАМ со честитка до Маѓар за победата…
Во име на Движењето ЗНАМ за Наша…
ЗНАМ: Тоа што Филипче бега од лидерска…
Движење ЗНАМ за Наша Македонија ја поздравува…
СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава…
„Колаборантите од ЗНАМ го потврдија скандалот што…
СДСМ: Тендер од 1,2 милиони евра за…
Фирмата БС Клининг увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, основана…
СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за…
Откако со денови објаснуваме дека постои договор…